Тепачка меѓу проукраински новинар и украински политичар – дел од прорускиот опозициски блок – избувна на телевизија во живо за време на дискусија за зголемените тензии меѓу двете источноевропски народи.

На снимката од инцидентот се гледа како новинарот Јури Бутусов му удира шлаканица на украинскиот парламентарец Нестор Шуфрич откако го обвини политичарот за ширење „руски наративи“, се вели во преводот на дискусијата објавен од Дејли Колер.

Претходно во дискусијата, Шуфрич вети дека никогаш нема да го нарече рускиот претседател Владимир Путин „убиец“, бидејќи во одреден момент „можеби ќе треба да преговара со него“. Тогаш Шуфрич неколку пати го искажува својот проруски став.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.