На терен за голф во Австралија мистериозно се појавиле шест ајкули. Оваа случка доаѓа 10 години по повторното отворање на голф-клубот „Карбрук“, откако 17 години бил затворен, меѓу другото, и поради овие „гости“, објави „Си-ен-ен“.
Слатководното езеро близу голф теренот, што се наоѓа на околу 14 километри од Тихиот Океан е пример дека тн. бикова ајкула може да преживее секаде. Иако потекнуваат од топлите и тропските солени води, овие ајкули имаат органи прилагодени да ја задржуваат ним потребната сол, што им овозможува да навлезат и во слатководни средини, што би се покажало смртоносно за другите видови ајкули.
Се раскажува дека ајкулите се агресивни кога ќе дојдат во допир со луѓето. Но, кога ќе ги доживеете во толку непосредна близина и ќе сфатите колку се убави и грациозни, тогаш едноставно само им се воодушевувате, изјавил управителот на клубот, Скот Вагстаф.
Теренот лани бил потопен во најлошата поплава кога било забележана во таа област, а Вагстаф всушност посакува поплавата да ги зголеми надежите дека ајкулите би се вратиле во езерото во близина. Само времето ќе покаже дали има можности за тоа, но „Карбрук“ размислува и за опстојување без својата „маскота“, т.е. разгледува можности езерото да се исуши заради нов голф терен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.