Младоженци им испратиле сметка на сите гости кои кажале дека ќе присуствуваат, но на крај не дошле на свадбената веселба. Овој потег на Даг Симонс и Дедра Мекги, споделен на социјалните мрежи, верувале или не, наиде на позитивни коментари.

Сите гости кои не дошле на свадбата добиле мејл во кој имало сметка со сума од 120 долари по човек во која се објаснува дека тоа е „казна“ за местото што го платиле, а гостите не се појавиле, ниту пак однапред известиле дека не би дошле.

Го потврдивте присуството на свадбата, а потоа не се појавивте. Ние ги плативме вашите порции однапред. Кажете ни кој начин на плаќање ви одговара, ви благодариме, пишува во нивниот мејл.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.