Јордан Митев важи за еден од нашите најпознати и најбарани пејачи Потекнува и живее во радовишко Подареш. Основното образование го завршил во родното село, а подоцнежното образование го продолжил во Радовиш. Средното образование го продолжил во музичкото училиште во Штип.

Свири на повеќе инструменти, како хармоника, пијано, кавал, гајда, а посетувал и часови за надградба и едукација на неговиот глас. Веднаш по своето средно образование продолжува на факултетот за музичка уметност во Скопје на отсекот, „Музичка теорија и педагогија со народни инструменти”.

Митев зад себе остави тешка година поради здравствените проблеми што ги имаше кои за среќа ги надмина и се врати на сцената.

Тој денес се огласи на својот профил на фејсбук и сподели случка непозната досега за пошироката јавност во која вели:

Колку вреди?! Хм, најверојатно кај нас вреди многу малку. Во развиените земји животните имаат поголема вредност. За жал.

Пред 2 години мојата мајка, заедно со еден наш роднина стоејќи на тротоар, младо пијано докторче со својата кола, ги подбира и двајцата од тротоарот.

Ги удира и побегнува без да застане и пружи помош. Како кучиња ги остава на патот. Среќа останаа живи.

Мајка ми со скршена рака, роднината со скршена нога и дополнителни компликации. За иронијата да биде поголема, докторчето (убав на мајка) е син на докторка која работи во Подареш, која пак беше матичен доктор на мајка ми.

Без грам доблест и одговорност, се криеја се додека полицијата не докажа со си лни докази дека вистина тој го има направено делото.

На крај, и дадоа некоја минимална ош тета колку да не биде без ништо, а докторчето убав на мајка, кој утре ќе лекува луѓе и ќе биде одговорен за човечки животи со 3 месеца затворска казна, за која што се сомневам дали и таа ќе си ја одлежи.

На нас само дебели казни, да ни дојде паметот. Како знаеме од Табановце нагоре да бидеме и културни и да почитуваме се што треба, па нормално, таму нема “убав на мајка”,

Си направил прекршок, ќе одговараш и ќе си платиш. Сочувство до фамилијата во Радовиш.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.