Една жена го споделила своето искуство на Твитер и нејзината објава за миг станала вирална. На оваа социјална мрежа Бриџет опишала непријатна ситуација што ѝ се случила на првиот состанок со дечкото што ѝ се допаѓал.
Имено, мажот што ја поканил на рандеву ѝ кажал да облече мало црно фустанче и дека има изненадување за неа. За неа, тоа било многу мистериозно и романтично.
Сѐ одело според планот додека не стигнале до крајната дестинација, а таму пишувало: Крематориум.
Бриџет мислела дека мажот со којшто излегла на состанок само застанал на бензинска пумпа. Но не. Тој ја одвел на погребот на неговата баба! Ѝ се извинил и објаснил дека знаел дека нема да сака да дојде со него, па затоа ништо не ѝ кажал.
„Замисли да викнам Убер да ме собере од крематориум“, ѝ напишала таа на пријателка.
„Луѓе плачеа, а јас стоев таму и размислував дека не можам да си заминам, бидејќи би излегла најголемата ку**а на светот“, објаснила во пораката.
When my mate asked if she’d told me about her worst first date I didnt anticipate this… pic.twitter.com/aITBZF5nbC
— FUCK THE SUN (@itssraych) November 27, 2018
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.