Маж (50) е во тешка состојба во болница во Италија откако имал интимeн однос. Германецот и неговата сопруга имале „луда ноќ“ откако решиле да испијат „опасен вид на дрога“, со која, како што велат, сексот им траел речиси 24 часа.
Странските медиуми јавуваат дека мажот се чувствувал лошо и побарал помош во болницата „Мисерикордија“ на почетокот на месецов.
Неговата состојба е опишана како „сериозна“ и моментално е на одделението за интензивна нега. Тој имал септичен шок кој предизвикал некроза на гениталниот орган и скротумот. Септичкиот шок е специфична состојба во телото која се јавува како компликација на сепса. Сепса настанува кога одбранбениот, имунолошки систем, наместо да ја контролира инфекцијата, доведува до оштетување на сопствените ткива и органи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.