Младиот пливач-маратонец Марко Пејчиновски уште еднаш ја воодушеви македонската спортска јавност, овојпат на празникот на големиот светител и Чудотворец Св. Наум.

Денеска го заврши своето четврто препливување за ова лето на релација Струга – Св. Наум (30 километри). Препливувањето (прво во јули) успеа да го заврши со време од девет часа и 26 минути.

Марко летово има план да плива 10 различни делници, во вкупна должина од околу 250 километри.

Второто препливување во јуни беше од Радожда до Градиште (18 км) со време од шест часа и 40 минути, а првото беше на релација Радожда – Охрид (14 км) со време од пет часа и 25 минути.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.