Нашата православна црква и нејзините верници денеска го слават празникот Свети Наум Охридски. Главниот празник Свети Наум е на 5 јануари, а 3 јули е неговиот летен празник.

Свети Наум бил ученик на еднакво апостолските учители на Словените, свети Кирил и Методиј, и еден од Петокнижините, кои најревносно соработувале со словенските апостоли. Свети Наум отпатувал во Рим, каде што се прославил со својата чудотворна моќ и со своето големо учење.

Знаел многу јазици. Од неговите очи се излевала исцелителна сила која ги исцелувала болните кои само со вера гледале во очите на светиот угодител Божји.

По враќањето од Рим, Свети Наум и Климент се населиле на брегот на Охридското Езеро. Додека свети Климент дејствувал како епископ во Охрид, дотогаш свети Наум основал манастир на јужниот брег на езерото.

Манастирот и до денес го краси тоа крајбрежје, како што името на свети Наум ја краси историјата на словенското христијанство. Низ вековите, манастирот бил извор на чудотворна сила и прибежиште за болните и неволните.

Околу Свети Наум се собрале многу монаси од целиот Балкан. Свети Наум бил мудар учител, уникатен водач на монасите, решителен подвижник, чудотворец и духовен водач.

Свети Наум, неуморен работник, особено се трудел да го преведува Светото писмо и другите црковни книги од грчки на словенски. Тој правел чуда во текот на животот и по неговата смрт.

Неговите чудотворни мошти и денес восхитуваат со бројни чуда, особено исцеленија од тешки болести, особено – лудило.

Кога е летниот празник, во манастирот Свети Наум се собира многу народ. Многу болни доаѓаат, или се носат, да добијат исцеление таму над моштите на светителот преку вера и молитва.

Починал во првата половина на X век. Не само православните, туку и луѓето од друга вероисповед доаѓаат да побараат помош од Свети Наум.

Во 1926 година, еден муслиман од Ресно донел и му подарил ѕвоно на манастирот во знак на благодарност за тоа што светецот го излекувал неговиот брат и повторно го подигнал во живот од смртната постела.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.