Познатата пејачка Марија Шерифовиќ во Подгорица го одржа својот втор концерт од турнејата наречена „Love is Coming“. Пред преполната Бемакс Арена, Марија го отвори концертот со песната „Другација“ од новиот албум.

Посебно емотивен момент на концертот беше изведбата на песната „Добар ден“, која Марија ја посвети на убиената девојка Данка Илиќ од Бор, пишува Блиц.

Пејачката Марија Шерифовиќ на својот Инстаграм профил објави црна позадина со емотикон со скршено срце, симболично покажувајќи ја својата тага поради овој трагичен настан.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.