Еден ден откако судијата во Њујорк дозволи случај против принцот Ендрју за сексуална злоупотреба, вториот син на кралицата Елизабета Втора остана без сите воени чинови и кралската титула, како и без добротворни средства, соопшти Бакингемската палата.

Од Палатата објавија дека принцот Ендрју, кој е обвинет за силување на Вирџинија Џуфре кога била тинејџерка, што тој го негира, „нема да не презема никакви јавни должности и ќе се брани како обичен граѓанин“.

Тој повеќе нема да ја користи титулата „Неговото кралско височество“ во никакво официјално својство, како што беше случајот и со принцот Хари кога тој и неговата сопруга Меган се преселија во Америка во 2020 година.

Неговите должности сега ќе ги извршуваат другите членови на кралското семејство.

Судењето на принцот, кој ги негираше обвинувањата, ќе се одржи во текот на годината, најрано во септември.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.