Британската кралица Елизабета одложи денеска две закажани виртуелни состаноци, но ќе продолжи со „полесни обврски“, изјави портпаролот на Бакингемската палата.

Бакингемската палата во неделата објави дека кралицата Елизабета е позитивна на коронавирусот и дека има симптоми слични на настинка, пренесува Ројтерс, а пренесува Танјуг.

Нејзиното височество продолжува со полесни обврски – изјави портпаролот на палатата и додаде дека оваа недела не се планирани други ангажмани.

Иако оттогаш ги откажа виртуелните ангажмани, таа продолжи да врши други службени должности, како што е телефонскиот разговор со премиерот Борис Џонсон што го водела вчера, наведува британската агенција.

Бакингемската палата во соопштение наведе дека нема да дава постојани извештаи за здравствената состојба на кралицата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.