Сите љубители на танцот и музиката, може да си го заземат своето место пред Спортскиот Центар „Борис Трајковски“ во Скопје каде што концерт ќе има младата музичка ѕвезда Пајак. Бастапот кој ќе започне во 18 часот и влезот ќе биде бесплатен. Настап ќе има и Диџеј Боно.
Пулсот на Скопје продолжува да чука со IDO World Hip-Hop Championship & Street Dance Show 2024. Овогодинешното издание на шампионатот кое првпат се одржува во Македонија и на кое се претставуваат 35 држави со вкупно 5000 танчери се смета за најголемото и најоригиналното издание досега.
Со судии кои се вистински ѕвезди во светот на танцот, со дел од најдобрите светски танчери, шампионатот приредува вистинско шоу каде жестоката конкуренција во различни стилови, ги поместува границите на танцот. Шампионатот е во организација на клубот „Брејк а Лег“ и ќе трае до 17 октомври.
Утре, ќе имаме можност да сведочиме и на официјалното отворање на настанот каде сите држави ќе имаат ревијален дел со ПАРАДАТА НА НАЦИИ и за која влезот од 17:30 часот ќе биде бесплатен за сите љубители на танцот. Веднаш потоа, ќе следува еден од најинтересните делови на шампионатот со категоријата „Формации-Возрасни“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.