Француските телевизиски ѕвезди со руско потекло Игор и Гришка Богданов починаа во растојание од само неколку дена од последиците од коронавирусот. Близнаците се прославија во научно-фантастичната емисија „Tемпс Икс“ од почетокот на 80-тите години на минатиот век, а и во наредните децении останаа дел од европскиот и светскиот шоубизнис.
Игор Богданов починал во понеделникот на 3 јануари, шест дена откако неговиот брат близнак Гришка починал во болница во Париз, по повеќе дена поминати во кома. Инаку, и двајцата биле хоспитализирани на 15 декември со компликации предизвикани од ковид-19. Роднините потврдиле дека ниту еден од браќата не бил вакциниран против коронавирусот.
Браќата Богданов имале 72 години, а беа познати по своите ексцентрични карактери, талентот за телевизиски настапи, но и по специфичниот моден стил и опсесијата со пластичните операции.
И покрај оваа бизарна навика, а двајцата негирале дека имаат страст за пластичните операции, Игор и Гришка биле вљубеници во науката, а дипломирале физика и објавиле бројни трудови од областа на космологијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.