Концертот ќе го отворат Влатко Лозаноски Лозано и Некст Тајм, а по нив како ѕвезди на вечерта се најавени Алкета и Барди, изведувачи од Косово.Традиционално ќе има и огномет кој би требало да започне некаде околу 22.30 часот. Организаторите најавуваат квалитетна програма и се надеваат на голем одѕив кај сограѓаните.
Вечерва во 19.30 часот во Уметничката Галерија ќе биде отворена и ликовна изложба на дваесетина локални ликовни уметници.
Како дел од програмата за одбележување на праникот, синоќа најмладите имаа можност да ги проследат настапите на децата – учесници на проектот „Дајте музика“, нашиот сограѓанин Тајзи, кој докажа дека е миленик на публиката и ѕвездата на вечерта атрактивната Сара Јо од Србија.
Прославата на Денот на Куманово продолжува утре во 11 часот на Спомен костурницата од НОБ, каде делегации ќе положат свежо цвеќе и ќе оддадат почит на загинатите борци од кумановскиот крај во Втората светска војна.
Во 12 часот во салата на НУЦК „Трајко Прокопиев“ ќе се одржи свечена седница на Советот на Општина Куманово. На седницата ќе биде доделена Ноемвриската награда и благодарници на останати заслужни граѓани од Куманово.
За прославата на празникот 11 Ноември, Општина Куманово потроши 1,5 милион денари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.