Брачниот пар Грејс и Роб Џонс неодамна при реновирање на својата куќа нашле помфрит од Мекдоналдс во обвивка стара 60 години.
Добро сочуваните компирчиња наводно се направени меѓу 1955 и 1961 година, а биле најдени сокриени зад ѕидот од бањата во семејната куќа.
На ќесичката се наоѓа логото на Мекдоналдс од тоа време, односно „Спиди“ – оригиналната маскота на овој ланец на брза храна.
При реновирањето во ѕидот пронашле мистериозна ќеса во која имало две обвивки за хамбургер и пакување помфрит кој не бил дојаден.
Кога го пронајдовме, со сопругот се погледнавме и се прашувавме дали да повикаме полиција бидејќи можеби сме откриле докази од место на злосторство – вели Грејс.
Како што појаснуваат Грејс и Роб, помфритот бил крцкав со кафеава боја и не бил расипан иако е направен пред повеќе од шест децении.
По ваквото откритие парот вели дека го пронашле човекот кој го јадел оброкот додека ја преправал бањата. Грејс и Роб велат дека планираат да го продадат оброкот на вистинскиот купец.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.