Официјалниот Твитер профил на Министерството за здравство на Квебек, најголемата покраина во Канада, имаше екстра сообраќај во четвртокот наутро, откако сподели линк со несоодветна содржина.
Министерството на канадската покраина се извини откако случајно објавија линк до популарната интернет страница за возрасни „Порнхаб“ (PornHub) наместо до владината веб-страница со нови податоци за Ковид-19.
На нашиот Твитер-профил беше објавен линк со несоодветна содржина. Ги бараме причините. Се извинуваме за непријатностите – соопштија од Министерството.
Линкот што требаше да биде објавен имаше за цел да ги доведе корисниците до владината веб-страница што содржи статистика за Ковид, но наместо тоа, ги испрати до видео „+18“ на „Порнхаб“.
Контроверзниот линк беше објавен во четвртокот, а оние кои кликнаа на него ги пречека фетиш видео со фокус на стапала. Твитот потоа беше избришан.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.