Џастин Трудо и Софи Грегоар се разведуваат. Бракот на канадскиот премиер и поранешната водителка завршува по 18 години заеднички живот.
Веста за разделбата ја соопшти Трудо преку официјално соопштение.
Здраво на сите, Софи и јас би сакале да го споделиме фактот дека по многу значајни и тешки разговори одлучивме да се разделиме. Како и секогаш, ќе останеме блиско семејство со длабока љубов и почит еден кон друг за сè што имаме изградено и што продолжуваме да градиме. За доброто на нашите деца, ве замолуваме да ја почитувате нашата и нивната приватност. Ви благодарам, стои во соопштението.
Џастин и Софи се познаваат уште од детството, а нивната врска ја започнаа во 2003 година. Тие се верија во 2004 година, а стапија во брак во една година подоцна.
Тие заедно имаат три деца. Нивниот син Хавиер Џејмс е роден во 2007 година, ќерка им Ела-Грејс Маргарет дојде на овој свет во 2009 година, а го добија синот Хадриен во 2014 година.
Џастин е на функцијата премиер на Канада од 2015 година
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.