Морин Рејнфорд (54) починала во одмаралиште во Боливија откако конзумирала чај од психоделична билка ајахуаска, јавува Д Сан.
Во прашање е истата дрога за која минатата година принцот Хари откри дека ја земал како би се изборил со смртта на мајка му, принцезата Дајана.
Семејството на починатата жена нагласило дека Морин била во форма и здрава, а амазонската комуна во која престојувала наводно е велнес и детоксикационен центар со контролирана исхрана.
Ајахуаска- илегална дрога А класа во Велика Британија церемонијално ја дава шаман, а предизвикува реакции, вклучувајќи визии, вишок енергија и еуфорија.
Очевидците тврделе дека 10 минути откако Морин го испила чајот, се пожалила дека се чувствува лошо бидејќи рабортата на срцето и дишењето нагло опаднале.
Починала еден час по пиењето на чајот и покрај напорите да и се пржи помош, а наводно лекарот стигнал доцна.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.