Милијардерот Илон Маск го коментираше падот на акциите и бројот на претплатници на стриминг платформата „Нетфликс“.
Основачот на „Тесла“ и „СпејсИкс“ го поврза тој тренд со доминацијата на либералната агенда и таканаречената култура на будност (woke-culture). Терминот доаѓа од глаголот „разбуди се“ и нè враќа во 1930-тите, кога афро-американските кругови се обидуваа да се борат против расизмот и социјалната неправда.
Во последниве години, поимот стана се повеќе распространет – се однесува на се што е поврзано со левичарската политика, либералните движења, феминизмот, ЛГБТ активизмот.
Културата на будност ја прави содржината на „Нетфликс“ негледлива – напиша Маск на Твитер во коментар за падот на акциите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.