Американскиот милијардер Илон Маск вели дека неговата компанија „Неуралинк“ ќе почне со имплантација на првиот мозочен чип до крајот на годината.
Маск ова го рече на конференцијата „ВиваТерк“ во Париз, пренесe „Ројтерс“. Минатиот месец, „Неуралинк“ доби одобрение од американската Администрација за храна и лекови (ФДА) за своето прво клиничко испитување на луѓе.
Одлуката претставува пресвртница за стартапот на Маск, кој се соочува со истраги во САД за спроведување експерименти со животни, коментира британската агенција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.