Куќите на раперот и продуцент Шон Диди Комбс во американските градови Њујорк, Лос Анџелес и Мајами беа претресени од вработени во Одделот за домашна безбедност на САД, откако музичарот се најде во центарот на скандал по пријавата на неговата поранешна девојка за насилство и сексуална злоупотреба.

Пејачката Кеси Вентура, поранешната партнерка на раперот Шон Диди Комбс, упати сериозни обвинувања на сметка на раперот, а тоа само ја покрена лавината обвинувања против раперот, кога со слични тврдења се јавија и некои други девојки, пишува „Дејли мејл“.

По овие тешки обвинувања, беа претресени неговите домови во Лос Анџелес и Мајами, а најмалку две лица, за кои се верува дека се синови на Комбс, беа уапсени при претрес на куќата во населбата Холмби Хилс во Лос Анџелес. Комбс не бил присутен кога биле извршени претресите.

Комбс се најде во центарот на вниманието на јавноста кога неговата поранешна партнерка Кеси Вентура го обвини за силување, трговија со луѓе за сексуална експлоатација и физичко малтретирање во средината на ноември 2023 година, а по низа обвинувања и рација во неговите вили, целиот случај е во рацете на правосудниот систем.

Но, она што го изненади светот, е дека принцот Хари се спомнува во тужбата од 30 милиони долари против Шон Диди Комбс.

Имено, продуцентот кој го тужи раперот во САД поради „забави за трговија со секс“ вели дека неговата поврзаност со влијателни личности како војводата од Сасекс и други познати имиња му ја зголемила „легитимноста“, пишува„Дејли мејл“.

Продуцентот „Родни“ Лил Род Џонс поднесе тужба против Диди, тврдејќи дека неговата поврзаност со принцот Хари и другите ѕвезди му дала „легитимитет“ нему и на неговите соработници.

Адвокатите на Лил Род тврдат дека гостите биле привлечени од наводните забави на Диди каде што тој сексуално злоставувал мажи и жени поради неговиот „пристап до познати личности како што се познати спортисти, политички личности, уметници, музичари и меѓународни угледни лица, како што е британскиот принц Хари“, стои во судските документи, пишува споменатиот медиум.

Судските документи поднесени во САД минатиот месец не укажуваат на никакво кривично дело сторено од страна на принцот Хари, наведува „Дејли мејл“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.