Организацијата на Црвен крст Делчево се вклучи во одбележувањето на Неделата на солидарноста. Оваа година акцијата се одвива под мотото „Вашиот прилог – значајна помош“, а за таа цел волонтери од Црвен крст Делчево имаат поставено свој штанд на градскиот пазар во Делчево.

Во акцијата може да се донира храна, средства за хигиена, облека, обувки и слично. Целта на оваа акција е да се подигне свеста на населението за потребната меѓусебна поддршка и да се обезбеди соодветна помош за најранливата категорија на население, истакнаа од Црвен Крст Делчево.

Акцијата годинава се одбележува од 15 до 21 април 2024 година.

Со собраните средства ќе се набават пакети со храна и истите ќе се дистрибуираат на семејства во социјален ризик. Со секој обезбеден пакет со храна овозможувате да се помогне на што поголем број семејства на кои таа помош им е неопходна, додадоа од Црвен Крст Делчево.

Оттаму апелираа и упатија повик до граѓаните, фирмите и институциите да ја покажат својата солидарност и хуманост со масовно вклучување во оваа акција.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.