Соборниот храм „Св. Великомаченик Димитриј“, изграден во 1830 година во Битола, синоќа и денеска, одбележува храмова слава, која почна со празнична вечерна богослужба, а продолжи утрово со празнична света архиерејска литургија.

Годинава храмовата слава е збогатена со гостување и празничен концерт на хорот „Прво белградско пејачко друштво“ („Прво београдско певачко друштво“), кое како што беше речено, во Битола гостува со благослов на српскиот патријарх Порфириј.

Сакам да искажам благодарност до српскиот патријарх господин Порфириј кој покажа најголема смелост од сите досегашни патријарси, најголема жртва и најголема љубов кон нас Македонците и кон нашата Света црква за да бидеме признаени со сите помесни цркви и тоа под нашето уставно име Македонска православна црква – Охридска Аехиепископија. Исто така се заблагодарувам на овој хор кој вечерва приреди радост со убавото пеење, рече меѓудругото митрополитот преспанско-пелагониски и администратор австралиско-новозландски г. Петар.

Хорот од Белград е основан во 1853 година, а од 2004 година го предводи Светлана Вилиѓ која како диригент заедно со членовите на хорот и солисти, исполнија дел од својот музички репертоар.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.