14 предвидувања на легендарната пророчица Баба Ванѓа за 2024 година:

1. Откритија во квантната наука

Квантното пресметување ќе доживее револуционерен пробив што ќе го промени начинот на кој ја разбираме технологијата.

2. Глобална економска криза

Војните ќе влијаат на економијата на целата планета и таа влегува во период на криза.

3. Зголемување на сајбер нападите

Сè повеќе луѓе ќе бидат изложени на сајбер напади, а сајбер заканите ќе станат реалност.

4. Откритија во медицинската наука

Примената на вештачката интелигенција ќе најде свое место и во медицината, што ќе резултира со неверојатни откритија за неизлечиви болести.

5. Катастрофи поради климатските промени

Поради глобалното затоплување може да следуваат катастрофални временски услови и природни катастрофи. Така, ураганите, бурите, земјотресите, па дури и вулканите за кои досега се мислеше дека се изумрени – ќе функционираат.

6. Чудотворен лек за рак

Баба Ванѓа истакна дека годината што претстои е клучна за изнаоѓање лекови кои ќе ја спасат планетата од секогаш присутната епидемија на рак.

7. Обид за атентат врз Путин и екстремистички напади во Европа

Таа предвидува и убиство на Путин од некој што е државјанин на неговата земја, додека Европа ќе се соочи со бран терористички напади.

8. Мистериозна болест ќе го погоди Трамп

Доналд Трамп можеби ќе се врати на власт, но ќе го зафати мистериозна болест за која никој досега не слушнал, а многумина ќе шпекулираат дека потекнува од непријателска лабораторија.

9. Колапс на европската економија и катаклизма

Европа би можела да се соочи со економска криза од невидени размери што ќе влијае на глобалната економија.

10. Моќен „змеј“ ја зазема планетата

Баба Ванѓа предвиде дека „змејот“ ќе превземе сè. Дали е тоа нова светска сила или буквално змеј? Дали е тоа вештачка интелигенција?! Или можеби луѓе кои имаат симболи на змеј во нивната традиција.

11. Контакт со вонземјани

Следната година ќе добиеме јасни пораки од вселената и можеби конечно ќе стапиме во контакт со вонземјани.

12. Појава на „дизајнирани“ луѓе

Ова најверојатно се однесува на фактот дека идните родители ќе можат да изберат некои од карактеристиките на своето потомство – од пол, до боја на очите, до начинот на кој бебето се насмевнува.

13. Промена на орбитата

Земјата ќе скршне од својот пат, иако во минимална форма, сепак ќе предизвика катастрофи, но не и крај на цивилизацијата.

14. Употреба на биолошко оружје

Баба Ванѓа најави дека биолошкото оружје ќе има предност во војувањето и ќе предизвика невидени последици меѓу човештвото.

 

 

 

 

 

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.