Принцот Хари (38) и Меган Маркл (42) се „фрлаат“ во нови деловни потфати по серија неуспеси.

Извор за The Sun открил дека војводата и војвотката од Сасекс ги купиле правата за книгата „Meet Me At The Lake“ од Карли Форчн. Заплетот на книгата во некои детали е сличен на вистинската љубовна приказна на познат пар, од кои едниот изгубил родител во сообраќајна несреќа како дете, а се занимава и со проблеми со алкохол, употреба на дрога и ментално здравје.

Темите на книгата ја воодушевија двојката и таа беше избрана за нивна прва адаптација со Нетфликс… Ова е нивниот најголем проект во кој тие ќе бидат продуценти, рекол изворот.

Правата на романот на авторот, чија последна книга стана една од бестселерите на Њујорк Тајмс, ги чинеа Хари и Меган 3 милиони долари.

Неодамна беше откриено дека славната двојка, која има снимено само документарни серии како „Harry + Meghan“ и друга документарна програма „Live to Lead“ за Нетфликс, ќе снима и нова верзија на „Great Expectations“.

Двојката неодамна доживеа голем деловен неуспех, кога нивниот подкаст беше откажан од платформата Spotify.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.