Дива свиња по име Путин, кој живее во зоолошката градина во германскиот град Оберфранкен, ќе го смени името поради војната во Украина.

Директорот на паркот, Екард Микис, вели дека дивата свиња дошла во паркот како младенче, а бидејќи е по потекло од Русија, ја нарекол Путин.

Во меѓувреме се покажа дека ниту една свиња не заслужува такво име – вели Микис.

Тој додаде дека бегалците од Украина може бесплатно да влезат во таа зоолошка градина и дека би било непријатно да се слушне името на Путин.

Микис најави дека новото име ќе биде дадено врз основа на онлајн конкурс кој веќе е објавен.

На конкурсот за новото име пристигнале околу 2.700 предлози, а како фаворити се издвоиле Зеленски или Кличко, но Микис вели дека повеќе не сака да им дава на животните имиња од политичарите, па избира меѓу Игор, Фредерик и зборот „мир“ на руски јазик.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.