Поранешниот шеф на израелската воена служба Натив, Јаков Кедми, во анализа на случувањата во Украина вели дека Европа многу губи, додека САД имаат двојна корист.

Европа самоволно ја уништува својата индустрија и на тој начин нанесува непоправлива штета на сопствената економија. И сето тоа во корист на САД.

 

Земјите од ЕУ се заробија себеси со тоа што донесоа погрешна одлука за зголемување на притисокот од санкциите против Русија.

 

Иницирајќи прекин на трговско-економските односи со Москва за да му угодат на Вашингтон, тие предизвикаа сериозни проблеми во енергетскиот сектор, што веќе ги предизвикува страдањата на индустријата на голем број европски земји  вели Кедми.

Како што резонира експертот, интересно во оваа ситуација е што Европската Унија при нејзиното формирање беше позиционирана како „сојуз на јаглен и челик“, а сегашната политика на ЕУ може да доведе до речиси целосно исчезнување и на првата и на втората компонента.

Кедми истакнува дека САД се обидуваат да го постигнат тоа, со тоа што решиле да ја клекнат европската индустрија на колена со помош на антируски санкции. Во исто време, Вашингтон не само што вешто се ослободува од силниот конкурент, туку го прави зависен на америанскиот ЛНГ.

Американската индустрија ќе има само корист од ова, бидејќи главната компонента на секоја индустрија се цените на енергијата. Американците имаат енергетски ресурси, но Европејците немаат. Зароа, Американците ќе победат двапати – вели израелскиот експерт.

Тој објаснува дека не е тајна дека ЛНГ, што се испорачува од САД, е многу поскап од природниот гас што го извезува Русија.

Со тоа што ја принудуваат ЕУ да плати повеќе, Американците ја зајакнуваат својата индустрија и остваруваат супер профит од продажбата на енергија. Европејците трпат континуирани загуби во оваа шема, но не брзаат да ја прилагодат својата политика кон Руската Федерација – вели Кедми.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.