Кога првпат била поканета во Кан, таа не била свесна колку е важен настанот. Ева Лонгорија и оваа година присуствува на Канскиот фестивал и докажа дека не треба да трошите многу пари за да изгледате фантастично. Таа за магазинот „Пипл“ признала дека „немала поим што е Кан“ и дека во 2005. година носела фустан од само 40 долари (2.200 денари) што го купила на познатата авенија Мелроуз во Лос Анџелес.
Помислив: ‘Ќе го носам ова, ова плетено злато, изгледа добро’. Никој не можеше да знае дека тоа е фустан од 40 долари, рекла таа. Исто така, новинарите потоа ја прашале чиј фустан носи, мислејќи на дизајнерите, а таа на шега одговорила: Што сакате да кажеш? Тоа е мое!
Ева Лонгорија оваа година се појави во сосема друго светло и со скапа црна тоалета од тул која може да ја носи благодарение на нејзината стегната и вајана фогура.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.