Во ледените пространства на Антарктикот се крие вулкан кој буквално исфрла парчиња злато. Откритието било објавено во 1991 година од страна на американски геолози.

Тогаш геолозите пронашле честички злато во вулканските гасови и во снегот во близина на вулканот, а „ИФЛ Сајенс“ наведува дека честички од благородниот метал се откриени и на 1000 километри оддалеченост.

Вулканот е сè уште активен и денес, а Филип Кајл од Институтот за рударство и технологија во Сокоро објаснува дека златните наслаги може да се појават во вулканските карпи, па кога лавата од планината емитира жешки гасови, тоа пренесува дел од честичките злато во воздухот.

Планината Еребус дневно исфрла злато во вредност од околу 6000 долари, пишува „Аку Ведер“.

Бројни туристи ја посетуваат планината Еребус, која е исто така позната и по голема трагедија.

Имено, на 28 ноември 1979 година, авионот „Ер Нов Зеланд“ 901 удрил во едната страна на овој масив. Тој летал над островот Рос каде што се наоѓа планината Еребус како дел од своите редовни антарктички панорамски летови кои се одржувале од 1977 година. Во несреќата загинале сите 237 патници и 20 членови на екипажот, а од тој ден „Ер Нов Зеланд“ ги прекина сите летови над Антарктикот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.