Жителите на преспанското село Долно Дупени се во опасност од присуството на мечки кои веќе трет ден упаѓаат во селото – објаво Новатв.мк

-Три дена се бркам со мечката која се намерачила на мојот мед. Првата вечер успеав да ја избркам со камања. Втората пуштав гласно радио кај сандаците со мед но вчера вечер сепак успеа да ми искрши дваесетина сандаци- вели еден жител на селото Долно Дупени.

Присуството на мечката ги вознемири и другите жители на ова село.

-Јас ја видов на патот пред мојата куќа. Таа не се плаши од ништо и не знам што ќе се прави- вели друг жител на ова преспанско село на самата гранична линија со Грција.

Вознемирени од постојаното присутво на мечката жителите на Долно Дупени и се обратија на полцијата. Вчера вечер полицајците и самите можеа да се уверат дека таа слободно се шета по селските сокаци. Во обид да ја избркаат вклучија ротациски светла но таа не покажа дека е исплашена.

-Таа ја забележа полциската кола но мирно замина по асфалтниот пат и воопшто не се ни обиде да се сокрие- вели жител на Долно Дупени.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.