Џекпотот на американската лотарија уште еднаш отиде над милијарда долари откако на последното извлекување никој не ја погодил главната добивка вредна 940 милиони. На следното извлекување, што ќе се случи во вторник, Американците ќе играат за 1,1 милијарда долари.

Тоа е третиот најголем џекпот во историјата на лотаријата „Мега милионс“ и следува откако повеќе од два месеца, односно 24 извлекувања по ред, никој не ја имал добитничката комбинација од шест бројки. Шансите за освојување на џекпотот се проценуваат на еден наспроти 302,6 милиони.

Севкупниот џекпот е наменет за оној кој ќе избере годишни исплати во следните 29 години, но добитниците најчесто се решаваат за еднократна исплата, која во вторник ќе изнесува 568,7 милиони долари.

Најголемиот џекпот досега беше 1,53 милијарди долари и беше освоен во Јужна Каролина во 2018, додека минатиот јули стигна до 1,33 милијарди.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.