На втор ден Божик, според Јулијанскиот календар, се одбележува уште еден голем празник – Собор на Пресвета Богородица.

На вториот ден од Божик христијанската Црква ѝ оддава слава на Пресветата Божја Мајка, која што го роди Господ и Спасителот наш Исус Христос. Во Охрид од древноста беше устроено спроти вториот ден на Божик вечерната да се служи само во црквата на Пресвета Богородица, наречена Челница. Целото свештенство со народот овде соборно ја прославуваше Пречистата Божја Мајка.

Кога стана успението на пресвета Богородица ангелите и апостолите на облаците се собираа и, Тома наречен бизнак. Сета Индија ја уверија во тој час, три илјади луѓе, и не сакаше да дојде дури не го увери сиот народ. Зеде облак светол и тој го донесе, и ја сретна света Богородица што се носеше на облаците и во рајот влегуваше.

Црквата утврдила веднаш после големите празници да се слават и учесниците во настанот што се празнува. Затоа денес се слави Пресвета­та Богородица. Зашто најчистата утроба на Марија беше единствена способна да го прими оној кој го надвишува се она што е создадено. Во таа смисла Црквата ја нарекува Девица Марија врата на спасението.

Народот вели дека вториот ден на Божиќ, треба да го посветите на прошетки и посети на пријателите и кумовите. Како што е обичај на Божиќ да се остане дома и првиот ден од празникот да се помине со семејството, вториот ден е време кога се посетуваат, роднините, пријателите, кумовите.

Се верува дека на денешен ден се мират и оние кои со години се скарани и дека не е добро да се избрка било кој од куќниот праг. Денеска, на празничната трпеза која се уште е поставена, сите се еднакви и во здравје и веселба го слават најрадосниот празник во христијанството.

По повод празникот Собор на Пресвета Богородица-втор ден Божиќ, утрински богослужби ќе има во сите парохиски цркви во Охрид.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.