Дваесет и четиригодишната Манон Алијас Онбу од Франција запрепасти многумина откако откри дека јаде повеќе од 2 килограми путер и еден литар масло секој ден. Таа ги покажа намирниците богати со масти кои ги јаде секој ден, но не сите се импресионирани од нејзината калорична исхрана, пишува „Њујорк пост“.
Тиктокерката, која исто така редовно јаде чоколадо и чипс, за јавноста е чудна, но таа вели дека има причина за нејзината диета. Вели дека се опоравува од нарушување во исхраната и дека оваа „храна за утеха“ ѝ помага да се бори против нападите на паника.
Почнав да јадам путер и чоколадо заедно секогаш кога пореметувањата во исхраната ми се влошуваа, бидејќи во спротивно би го испразнила целиот шпајз, вели таа.
Манон додава дека оваа слатка комбинација ја спречува да се прејадува со друга храна.
Секој има свои специфични мали комбинации, кои понекогаш се малку чудни, вели таа.
Но, нејзините навики во исхраната не се евтини, пишува „Њујорк пост“. Таа троши околу 500 долари месечно на храна богата со маснотии, а виралното видео ги прикажува сите нејзини намирници, кои се во огромна количина.
Ќе ви ја покажам мојата храна. Трае четири дена, изјавува Манон во видеото пред да извади 18 коцки путер од торбата за пазарење.
На видеото се гледа како таа вади и неколку блокови бело чоколадо, како и четири шишиња масло за јадење.
„Мислам дека мислеше на четири месеци, а не на четири дена“, коментира запрепастен гледач под видеото. „Мислам дека мислеше четири животи“, возвраќа друг.
И покрај тоа што е предмет на потсмев, Манон вели дека верува дека е важно да продолжи да го споделува своето мени на социјалните мрежи.
Решив да го споделам ова онлајн за да се чувствувам помалку осамена со мојата болест. Иако многу луѓе страдаат од пореметувања во исхраната , јас се криев и чувствував срам и вина. За оние кои не страдаат, вака ќе го видат пеколот низ кој поминуваат некои луѓе и можеби ќе бидат посвесни за патолошкото однесувањена некои лица од нивното опкружување. Сакам да ја покажам реалноста, дека патот до закрепнувањето не е линеарен – не оди од сè кон ништо, додаде таа.
И покрај придобивките за менталното здравје од споделувањето на нејзината содржина, можеби не е мудро да продолжи со нејзините сегашни навики во исхраната подолг временски период. Нутриционистите препорачуваат не повеќе од 28 грама путер (или 2 лажици) дневно, што значи дека Манон ужива во речиси 20 пати повеќе од препорачаниот внес. Путерот е калоричен, а таа внесува неверојатни 4.000 калории од овој млечен производ дневно. Се смета дека прекумерната потрошувачка на путер и други масти доведува до дебелина, хипертензија, срцеви заболувања и рак, пишува „Њујорк пост“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.