Имињата што им се даваат на децата во нашите краишта имаат посебно значење. „Името е судбина“ верувале нашите предци, кои ги избирале имињата на своите деца и според празниците околу кои се родени, традиција која трае и денеска.
За девојчињата родени околу најголемиот христијански празник, Христовото воскресение или Велигден, најчесто се одбира името – Анастасија, што и самото значи воскресение.
Доаѓа од грчкиот збор „anastasia“ што значи „таа што воскресна“ („anastasis“ = воскресение, подигање).
Машката форма на ова име е Анастас, и таа, како и женското лично име, спаѓа во т.н. група на имиња од „верско календарче“.
Според значењето на името се верува дека личностите кои го носат секогаш имаат повеќе шанси за среќа во животот, тие се ведри и вредни и секогаш се исправаат гордо после животните порази.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.