Одговорот на маж облечен како Дедо Мраз откако девојче одбило да му седне во скут стана вирален.

Кејти Лав од Флорида ја фатила својата тригодишна ќерка Адли како го посетува Дедо Мраз во Риц-Карлтон Ки Бискејн во Мајами. Во клипот, кој е прегледан два милиони пати откако е објавен оваа недела, нејзината ќерка му вели „не“ на Дедо Мраз кога тој ја прашува дали сака да му седне во скут.

За време на празниците вообичаено е децата да седат во скутот на Дедо Мраз додека се сликаат и му кажуваат какви подароци сакаат за Божиќ. Меѓутоа, кога малата Адли цврсто ги утврдила своите граници со Дедо Мраз, тој ја пофалил нејзината способност да комуницира.

Ова е нејзиното тело и таа го контролира своето тело. Ја прашав дали сака да ми седи во скут и таа ми рече не, а јас реков: „Тоа е начинот на кој се залагаш за себе и начинот на кој ги кажуваш своите верувања“. Не морате да му се предадете на Дедо Мраз. Ако не сакате да му седите во скут – кажете му – не“, изјави тој пред камерата.

Видеото стана вирален хит, а илјадници луѓе го пофалија одговорот на овој Дедо Мраз.

@katielovesocial This response was 🔥Thank you Santa for respecting my daughter’s choice & even applauding her for it!🎄🎅 #toddlersoftiktok #santaclaus #christmastiktok #toddlersbelike #adviceforgirls #importantmessage #toddlermom #toddlertok #wholesomemoments #femaleempowerment #girlpower #bodyautonomy ♬ original sound – Katie Love



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.