Денеска е Св. Антониј Велики. Свети Aнтониj Велики е еден од преподобните и богоносни отци на Православната Црква, роден во Египет околу 254-та година после Христа. Преподобен Антониј бил водач меѓу пустинските отци и основач на отшелничкото монаштво. Неговиот спомен се празнува на 17, односно 30 јануари.
Свети Антониј е роден во Среден Египет, во 251 година. На 20-годишна возраст остана без родителите. Мораше да се грижи за останатото богатство и за својата помала сестра. Еден ден во црква ги слушна зборовите: Ако сакаш да бидеш совршен, оди продај го имотот и раздај го на сиромасите и ќе имаш ризница на небото, па дојди и врви по мене, па го раздаде имотот, а со малиот остаток ја згрижи сестра си и го започна подвижничкиот живот. Целиот негов живот стана исполнување на овие зборови. Во текот на многу години ги помина сите скалила на духовниот живот и со својот живот стана пример за сите монаси до денешен ден. Се упокои мирно на свои 105 година, во 356 година.
Именден празнуваат Антонио, Андон, Антонија и сите чии имиња имаат корен од Антониј.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.