Откако се дозна дека Хана Хуљиќ и Петар Грашо добија дете, погледите на фановите се свртеа кон Инстаграм профилот на Данијела Мартиновиќ. Пејачката не чекаше долго да објави нешто и тоа го објави денеска и ја искористи можноста да ја промовира својата нова песна „Фортуната“.

Таа се пофали дека песната го зазема првото место во топ 16 домашна музика на национална радио станица.

„Ви благодарам. Животот нека ви биде Фортуната… вашата Данијела“, порача таа и го сподели спотот на стори.

„Браво Данијела“, ѝ порачаа фановите во коментари и упатија честитки.

Инаку, Данијела пред три дена го прослави својот 51 роденден.

Хана Хуљиќ вчера на свет донесе девојче кое таа и пејачот Петар Грашо го крстија Алба. Тоа е името кое Данијела го спомна и во 2014 година како име што би сакала да му го даде на своето дете.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.