Џенифер Лопез и Бен Афлек ја продаваат својата семејна куќа во Беверли Хилс, Калифорнија поради брачната криза и гласините за можен развод.

ТМЗ објави дека двојката ангажирала агент за недвижнини за да го продаде домот што заедно го купиле минатиот мај. На пазарот е веќе две недели, но се уште нема купувачи.

Парот бара околу 65 милиони долари за вилата. Лопез и Афлек го купија домот за 60,85 милиони долари во мај 2023 година – 10 месеци откако се венчаа во Лас Вегас.

Вилата има 17 спални соби, 30 бањи и паркинг за 80 возила. Има и затворен спортски комплекс, простор за рекреација на отворено, базен и пространи терени.

Веста за продажбата на вилата доаѓа по бројните гласини за брачната криза на холивудската двојка. Афлек наводно живее одвоено од сопругата, а Лопез неодамна била забележана без бурмата, што дополнително ги убедило сите дека парот е во лоши односи.

Лопез неодамна ја откажа најавената турнеја, а изјави дека е тажна и уништена што ги разочарала своите фанови.

Овој неочекуван потег во кариерата може да се поврзе со гласините дека таа и актерот се на работ на развод, а изворите тврдат дека Џеј Ло морала да одвои време за да биде со семејството и блиските пријатели.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.