Додека репортерката на „Алфа“ Анастасија Богданоска во летниковец во Градски парк снима сторија за маките на семејството Младеноски, чија ќеркичка Бисера боледува од дијабет, снимањето безобразно го прекинува жена која ги брка оттаму, тврдејќи дека го резервирала тоа место за роденденската прослава на нејзиното дете и дека тие ѝ сметаат во подготовките.

Богданоска го објавува целото виде, а граѓаните на социјалните мрежи бараат замаглениот лик на жената да биде прикажан, за „сите да ја видат“:

Емоции од една до друга крајност. Благодарам до цела екипа што остана професионална, иако се препотивме ама не само од пекол жешкото. Зоки зад камера, Борче зад компјутер со монтажа. А најмногу благодарам за семејството Младеновски, што ми дозволија да ја пренесам нивната приказна и приказната на преслатката Бисера, пишува Богданоска.

Меѓу реакциите на јавноста е и онаа на инфлуенсерката Ина Многуфина, која вели – Мене у полициски билтен ќе ме имаше денес.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.