Доктор Нико Беќаровски, кој е активен на социјалните мрежи со свои видувања за голем број јавни проблеми и прашања, тој сега се пошегува со ситуацијата со комарците во Скопје и градоначалничката Данела Арсовска.

Драги скопјани! Научниците пресметале дека каснување од 1.200.000 комарци оддеднаш, може да ви ја исцицаат целата крв. Во пракса доволна е само една жена. Во Скопје имаме и милијарди комарци и градоначалничка, затоа господа скопјани бидете внимателни. Јас проблемот го решив. Избегав во Охрид!“, се пошегува д-р Беќаровски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.