Цените на становите во Охрид рушат рекорди.Зголемената побарувачка на пазарот на недвижности ги крена цените иако понудата е намалена па така за метар квадратен во центарот на градот достигнува до 1800 евра додека на самиот брег покрај охридското езеро и до 3 илјади евра ,а растат цените и на деловните простории во чаршијата.

Добрите познавачи посочуваат дека огромни цени се вртат на пазарот ,наместо парите  да се чуваат во банки се инвестира во недвижнини.

Наспроти огромната заинтересираност за станови во Охрид  нема интерeс за купување куќи ниту плацеви за изградби за кои цената достигнува висина од 700 до 1000 евра за метар квадратен, годишно едвај се продавале по  пет- шест куќи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.