На приватната бугарска телевизија, ТВ 7/8, група наречена Куку Бенд пее песна посветена на борбата на Новак Ѓоковиќ со австралиските власти. Песната која ја нарекоа Форхенд, бекхенд, всушност е кавер на хитот на Лепа Брена Луда за тобом, а текстот го сменија за да му испратат порака за поддршка на Новак.

Видеото за кратко време стана хит на Фејсбук, а ентузијастичките Срби почнаа да пишуваат бројни пораки за благодарност во коментари до Бугарите.

Стиховите од песната ги пренесуваме во целост:

Австралија да биде пуста,

коронавирус да има насекаде…

Не му дозволувате на Ѓоковиќ да влезе во земјата,

го затворивте во хотел.

Ниту Абориџините не знаат,

за PCR и балкански гени.

Нека скокаат кенгурите колку сакаат,

Ѓоковиќ повторно ќе биде најдобар.

Лудиот Ноле ги тепа,

му беше доделена балканска слава,

лудиот Новак им глуми,

и нема да се вакцинира.

Со плескавица и крушкова ракија,

и омикрон и делта ќе ги убие,

А Новак Ѓоковиќ е со короната (бугарски – круна),

затоа што тој е – балканскиот крал!

Преземено од Канал 5



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.