Ако случајно истуривте кафе на тепих, не паничете. Постојат состојки кои можат да помогнат за брзо и ефикасно отстранување на дамки од кафе, а при тоа не ја оштетуваат ткаенината или површината која се трие.
Неколку совети како да ги отстраните флеките од кафе:

1. Делот каде што се наоѓа дамката натопете го со ладно млеко. Оставете го некое време да постои па потоа исперете во сапуница триејќи ја додека дамката не исчезне.

2. Направете смеса од жолчка од јајце и глицерин и со тоа премачкајте ја флеката. Истријте го валканото место и потоа исплакнете со млака вода.

3.Додека е мокра дамката, пробајте да ја измиете со минерална вода.

4. Во една шолја додајте детергент и сол во топла вода. Тријте ја дамката со четка додека не избледи.

5. Направете смеса од оцет и алкохол во ист сооднос и нанесете со триење на ткаенината. Оставете кратко да постои потоа исплакнете со ладна вода.

6. За тврдокорни дамки на груби ткаенини употребите Доместос разреден со вода. Тријте со четка и потоа исплакнете.

7. Ако е во прашање бела памучна ткаенина исперете ја на стар начин, ставете ја ткаенината со дамка во стар лонец заедно со малку детергент за веш и полијте со вода колку да ја прекрие ткаенината. Нека врие водата 15-20 минути, потоа оставете да се олади и исплакнете со ладна вода.

Совети:

Овие совети треба да се употребуваат на свежи дамки, бидејќи имаат поголем ефект наместо на тврдокорни стари дамки.

По отстранувањето на дамката ткаенината нема да биде совршено чиста и потоа ќе мора да машински да се испере.

Тогаш можете да користите избелувач кој сосема ќе ги отстрани дамките.

Предупредување:

Ако немате при рака глицерин, пробајте со глицерински сапун.

Кога користите избелувач проверете на упатството дали може да се користи само на бела такенина или може и во боја.

Проверите на облеката дали избелувачот ја оштетува ткаенина пред да го користите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.