Даглас Пит (55) со прекар Даг е три години помладиот брат на холивудскиот миленик, Бред Пит, а иако се крие од јавноста, во работата е подеднакво успешен како што е и неговиот брат пред камерите.

За разлика од Бред (58), кој долги години е слаба точка на жените ширум светот и има милиони долари на сметка благодарение на неговите улоги, Даглас е претприемач, инвеститор и филантроп.

Бред е три години помлад од својот брат, а за разлика од актерот, Даглас води хармоничен приватен живот. Пит со Лиза застана пред олтарот во 1990 година, а заедно имаат три деца – Лендон, Сиднеј и Реган.

Од 2010 година, Пит е амбасадор на добра волја за Танзанија и ја основал фондацијата „Care To Learn“, која ги финансира децата на кои им е потребна храна, хигиена и медицинска нега.

 

Даг е сопственик и на ИТ компанијата „ServiceWorld“, која ја основал во 1991 година, а се занимава и со продажба на недвижен имот.

Даглас често зборуваше за тоа дека фотографијата е една од неговите најголеми страсти и воедно омилено хоби, а повеќе од 20 години го прави токму тоа во слободното време. Тој има изложувано низ САД, а неговите фотографии се појавија во бројни американски и меѓународни списанија. Сака да вози велосипед и често пешачи со семејството и пријателите.

Иако многумина велат дека се оддалечени како два света, Бред и Даглас Пит имаат одличен однос, па редовно се слушаат и многу си даваат поддршка еден за друг. Иако не се гледаат така често поради природата на работата на Бред, тие се држат до својата врска и ја користат секоја прилика да се дружат.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.