Македонските граѓани вчера буквално го опседнаа Врање. По улиците и паркинзите можеа да се видат само македонски автомобили, а ги имаше од цела Македонија, од Скопје, Велес, Битола, Гостивар, Тетово, Струмица. Продавниците преполни. Се купуваше се и сешто, иако цените не се нешто пониски од оние во нашите маркети. Слободно може да се рече дека нашиот низок стандард не може веќе да ги „поднесе“ ниту српките цени. Сепак тоа не беше пречка кафеаните да се пребукирани од Македонци. Во некои кафеани се редеа редици од луѓе кои чекаа некој да стане за да „фатат“ место, за да ручаат. И така Денот на револуционерната борба нашите граѓани го искористија максимално да се изборат за добар шопинг и добар ручек во Врање.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.