Веќе трет ден по ред, комплексот „Борис Трајковски“ е центарот на сите случувања во Скопје, затоа што во тек е Саемот на мебел 2024 година. Богатата понуда од изложувачите, големиот избор на различни брендови, како и одличните саемски попусти предизвикаа голема заинтересираност кај голем број посетители.

Саемот е во тек и ќе се одржува до недела, со работно време од 10:00 до 20:00 часот, а во недела од 10:00 до 17:00 часот. Влезницата чини 150 денари или 250 денари блок влезница за двајца, односно 100 денари за секој нареден член на семејството.

Организаторите на Саемот на мебел посочија дека досега има голема посетеност, но за денеска и за претстојниот викенд очекуваат двојно повеќе посетители и најавуваат поголем метеж пред билетарниците на „Борис Трајковски“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.