Необично видео се појави на каналот на Евгениј Чеботарев, познат по неуспешниот обид да ја „прелета“ Лада Нива-та од покривот на една на друга зграда.
Од истата кујна доаѓа и бизарно видео од улиците на Ростов на Дон, на кое се гледа како Mercedes-Maybach тежок над два тона се транспортира на покривот на Toyota Land Cruiser.
Интересно е што без видливи поголеми модификации на покривот, овој Land Cruiser превезува многу потежок товар од оној што го декларира производителот во официјалните податоци.
View this post on Instagram
Додуша, авторите на ова неконвенционално решение составија соодветна платформа која треба да ја симулира корпата на покривот. Изненадувачки, домашната инсталација ја врши работата сосема солидно.
Во исто време, внимание беше посветено и на деталите, па руските иноватори ставија безбедносен триаголник на Maybach.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.