Балон на топол воздух во кој имало 12 лица принудно слетал во станбениот дел на Мелбурн.

Спасувачките служби биле повикани на имотот во Елвуд, каде пронашле надуен балон над два покрива и делови од корпа во дворот и на паркингот.

Во несреќата што се случила при првиот лет на балонот нема повредени.

Пилотот на балонот рекол дека имал потешкотии да го држи балонот во воздух и дека се обидел да го приземји на плажата на 200 метри од местото на несреќата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.