Православните христијани денеска го празнуваат Соборoт на св. Aрхангел Михаил, празник во чест на сите ангелски чинови и еден од најголемите христијански празници и една од најчестите куќни слави.

Именден празнуваат: Ангел, Ангелина, Михаил, Миле, Мила, Милка, Михаила, Михо, Рајко, Рајна, Ратка…

Се слави наесен на 21 ноември, а по народното верување, тоа е затоа што кога светците си ги делеле улогите, Архангел Михаил добил есенско и зимско време на зима и зимски тешкотии.

Постојат многу народни верувања за овој ангел, а едно од нив вели дека според временските услови на овој ден можете да одредите каква ќе биде годината.

Се вели: Какво ќе биде времето на Аранѓеловден, такво ќе биде во текот на целата зима и пролет.

Па, ако е вистина ова верување, затоа што денеска беше обчано, но релативно топло, тогаш и престојните зима и пролет ќе ни бидат поблаги од обично.

Исто така, на овој ден, се верува во народот, потребно е да се моли за исцелување, но и да се простат гревовите на сите неверници и тогаш ќе им се оствари најголемата желба – тие и нивните најблиски да бидат здрави.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.