На дното на огромна дупка во Кина, пронајдена е древна шума, со дрвја високи и до 40 метри. Научниците веруваат дека таму може да се најдат досега непознати видови на животни и растенија.
Истражувачите на пештерата во регионот Гуангкси во јужна Кина ги предупредиле научниците дека пронашле дупка во која има голема шума. Тоа е најголемата дупка од 30-те во округот Леје, долга е 306 метри, широка 150 метри и длабока 192 метри, пишува The Guardian.
Геологот Џанг Јуанхаи од Кинескиот геолошки институт изјави за државната новинска агенција Ксинхуа дека локацијата има три пештери и добро сочувана древна шума на дното.
Научниците пешачеле со часови за да стигнат до основата на дупката за да видат што има внатре. Чен Ликсин, кој ја водеше експедицијата, рече дека покрај дрвјата има густа грмушка која допирала до неговите раменици.
„Не би бил изненаден ако има видови во тие пештери кои никогаш претходно не биле откриени“, рече Ликсин.
Пејзаж полн со дупки обично се случува кога подземните води раствораат карпи. Оваа дупка е еден од ретките примероци длабоки, но сепак достигнати од сончевата светлина; што значи дека таму може да расте вегетацијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.